Авторот на оваа Web страна нуди и изработка на енигматски состави како што се: крстозбори, италијанки, симетрични, скандинавки, криптограмни, волшебни ликови и друго. Тој има подолго искуство во областа на енигматиката и има публикувано свои енигматски состави во повеќе наши енигматски списанија како што се: Бла-бла, Ѕуница и други.
При изработката на енигматските состави се користи база на поими кои се двојно проверени. Прво се пронајдени во енигматски списанија, а потоа секој поим е дополнително потврден уште еднаш или два пати во некоја енциклопедија како што се: Речникот на македонски јазик под редакција на Блаже Конески, речникот од Вујаклија, енциклопедиско издание на ЈЛЗ од Загреб, компјутерските енциклопедии: Britanica i Encarta, специјализирани интернет сајтови итн.
Енигматските состави може да се користат во домашни услови или за енигматски списанија. При изработката може да се одбере: димензиите на самиот енигматски состав, типот на енигматскиот состав (симетричен крстозбор, сканди и сл.), зборови кои сакаме задолжително да се појават во енигматскиот состав, тематски енигматски состав (кога мора да се појават голем број поими од одредена тема или област) итн.
Готовиот енигматски состав се испраќа како Word документ со тоа што одделно по потреба се доставува и шемата во вид на графички формат спремен за додавање во многу програми за подготовка за печат.
Готовиот енигматски состав содржи и прашања за решавање на самиот енигматски состав.
Повеќе и подетални информации на адреса и контакти.
Наскоро и некои примери на готови енигматски состави...
|